|
ДЕКО Инк е симбол за долгогодишно искуство, стручност и прецизност.
Од основањето 1988 година до денес, ДЕКО Инк прерасна во една
од водечките печатници во Македонија. Се определивме етикетите
да бидат наша специјалност, опремувајќи се со најсовремените машини
во таа област, следејќи ги светските трендови.
ДЕКО Инк е лоцирана на 450 м², во новоизградениот објект на
просторот на поранешната текстилна фабрика “Мирка Гинова“
во населбата Кисела Вода.
ДЕКО Инк е производител на етикети кои што наоѓаат примена речиси
во сите индустриски гранки. Нашето искуство не одделува на пазарот
како единствена печатница која нуди комплетна услуга, дизајн,
графичка подготовка и печатење.
Нашиот високоспецијализиран и обучен кадар со здоволство ќе ви
помогне во реализацијата на вашата замисла. Се на едно место,од
идеја до реализација. Нема потреба да работите со разни добавувачи
и да го испитувате квалитетот и постојаноста. Деко системот
за информирање им помага на клиентите да креираат префинет
имиџ на фирмата.Имиџот е основа во денешниот свет
на конкуренција.
|
 |
|